СОЦИЈАЛДЕМОКРАТОТ ОЛАФ ШОЛЦ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА Гласачите покажаа дека сакаат да бидам идниот канцелар на Германија!

1,634

Кандидатот за канцелар на левоцентристичките социјалдемократи на денешните парламентарни избори во Германија, Олаф Шолц, ги поздрави резултатите на неговата партија како „голем успех“, откако првичните прогнози покажаа дека неговата СПД има мало водство пред конзервативците.

– Ова ќе биде долга изборна ноќ, тоа е сигурно. Но, исто така, е сигурно дека многу граѓани ја избраа СПД бидејќи сакаат промена на власта и сакаат следниот канцелар да се вика Олаф Шолц – истакна тој пред своите поддржувачи.

Поврзани содржини