СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ УТРЕ БИРААТ ЛИДЕР Членството ќе избира меѓу Ковачевски, Ременски и Деспотовски
Од СДСМ информираа дека утре гласањето ќе се одвива на 194 избирачки места низ земјата почнувајќи од 8 до 19 часот.
Социјалдемократскиот сојуз утре бира нов партиски лидер, откако сегашниот Зоран Заев даде оставка по лошите резултати на локалните избори. Кандидатура за негов наследник поднесоа тројца партиски активисти: актуелниот заменик министер за финансии Димитар Ковачевски, поранешната пратеничка, Фросина Ременски и актуелниот директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Јован Деспотовски.
Новиот претседател на СДСМ кој се бира на непосредни избори ќе биде и нов премиер на земјава.
Од СДСМ информираа дека утре гласањето ќе се одвива на 194 избирачки места низ земјата почнувајќи од 8 до 19 часот.
Изборите ги спроведува Централна изборна комисија, Општински изборни комисии и Одбори во сите општински ораганизации .