СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ СО 25,7 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ СЕ ПОБЕДНИЦИ ВО ГЕРМАНИЈА Блокот на Меркел има 24,1 отсто, додека Зелените се трети

Слободната демократска партија доби 11,5 проценти, што претставува зголемување на поддршката во споредба со претходните избори.

543

Германската социјалдемократска партија (СДП) победи на изборите во Бундестагот, пред конзервативниот блок на канцеларката Ангела Меркел, јави ДПА, повикувајќи се на податоци објавени на веб  страницата на федералната изборна комисија по пребројувањето на гласовите.

СДП добива 25,7 проценти од гласовите, што е нивни најдобар резултат во последните неколку години.






Блокот на Меркел, составен од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), собра 24,1 отсто, што е најлош резултат.

Зелените се на трето место со 14,8 проценти – нивниот најдобар изборен ефект.

Слободната демократска партија доби 11,5 проценти, што претставува зголемување на поддршката во споредба со претходните избори.

Партијата Алтернатива за Германија падна на петтото место со 10,3 проценти.

Поврзани содржини