Социјалдемократите се фатија за оро, а граѓаните за селективното казнување на функционерите

3,358

Прославата на СДСМ за победата на нивниот кандидат за градоначалник Сашко Николов во Штип на предвремените локални избори заврши пред промотивниот штаб на плоштадот „Слобода“ со блех музика.

Тоа предизвика реакции на граѓани поради загрижувачките податоци за ширење на коронавирусот во земјава, но и поради селективноста во казнувањето на обичните граѓани и функционерите поради забраната за групирање.






Со остра реакција претходно се огласи и ВМРО-ДПМНЕ:

„Заев денес го покажа целото свое политичко лудило. Сред епидемија во Штип дури и заразените од ковид беа носени на избирачките места заради пуста фотелја, власт и функција, со што директно се загрозува животот на стотици лица вклучени во изборниот процес. Ова не е само кршење на закон, туку болест за власт. Не се бираа средства, со притисоци, поткуп, закани и уцени беа терани луѓе да гласаат среде зараза за мандат од неколку месеци. Најлошо е што политичкото лудило на Заев создава нов кластер „избори во Штип“, чија цена се здравјето и животите на штипјани“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

ФОТО: СДСМ, Фејсбук

Поврзани содржини