СОЧУВСТВО ИСПРАТИ И ВСЕЛЕНСКИОТ ПАТРИЈАРХ ВАРТОЛОМЕЈ Се моли на Бога за упокојување на мртвите и закрепнување на повредените

Вартоломеј изрази сочувство и поддршка од светата голема Христова црква и до народот на Северна Македонија, кој е погоден од трагедијата.

95

Порака со сочувство за трагедијата во Кочани, испратил вселенскиот патријарх Вартоломеј до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и до митрополитот Брегалнички Иларион, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Вселенската патријаршија Вартоломеј „му се моли на Бога за успокојување на душите на жртвите и да ги поддржи нивните семејства, како и да помогне во брзото закрепнување на здравјето на повредените“.






„Исто така, изразува сочувство и поддршка од светата голема Христова црква и лично од него до народот на Северна Македонија, кој е погоден од трагедијата“, соопштија од Вселенската патријаршија.

Поврзани содржини