СОБРАНИЕТО ОСТАНУВА ПОСВЕТЕНО НА ПОДОБРО ОБРАЗОВАНИЕ, СЕСЛОВЕНСКИТЕ БРАЌА ИМАЛЕ ГОЛЕМА МИСИЈА Претседателот на Собранието го честита Денот на просветителите Кирил и Методиј
Како Собрание, остануваме посветени на унапредувањето на образованието, културата и на јазичната разноликост, како суштински вредности на едно демократско и напредно општество. На сите им посакувам празник, исполнет со почит кон словенското просветителско наследство и инспирација за нови знаења и духовен напредок, се наведува во честитката на претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Собранискиот претседател Африм Гаши го честита Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, нагласувајќи дека празникот „нè потсетува на големината на мисијата на сесловенските просветителски браќа, кои преку создавањето на глаголицата и преку ширењето на писменоста, оставиле длабока трага во историјата на словенските народи.
„Како Собрание, остануваме посветени на унапредувањето на образованието, културата и на јазичната разноликост, како суштински вредности на едно демократско и напредно општество. На сите им посакувам празник, исполнет со почит кон словенското просветителско наследство и инспирација за нови знаења и духовен напредок“, се наведува во честитката на Гаши.