СОБРАНИЕТО ГО КОЧАТ ВЛАДЕЈАЧКИТЕ ПАРТИИ Опозицијата работи во интересот на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата не кочат буквално ништо во Собранието. Тие секојдневно се на своите работни места и секојдневно го работат она за што се платени, односно за што се избрани, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

161

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, дека за лошото функционирање на Собранието и честото немање кворум единствено виновни се од владејачките партии СДСМ и ДУИ.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, практично опозиционерските пратеници во Собранието секојдневно се на своите работни места и си ја вршат дословно како што треба нивната работа. Но, она што е важно и што се обидуваат да го наметнат од страна на власта, нормално заради нивната неспособност, заради нивните коалициски препукувања, заради меѓукоалициски пазари кои што не можат да ги доведат во ред, а буквално секогаш се за некои бизниси и тендери, тие се обидуваат да наметнат дека опозицијата кочи нешто во Собранието. Не, да се разбереме и уште еднаш јавно да напоменам, ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата не кочат буквално ништо во Собранието. Тие секојдневно се на своите работни места и секојдневно го работат она за што се платени, односно за што се избрани. А, се избрани таму од граѓаните за да ги штитат интересите на граѓаните, а такви верувајте дека се многу, бидејќи опозицијата има сериозна бројка на пратеници и со тоа има сериозна одговорност кон граѓаните кои што ги изгласале“, нагласи Арсовски.

Поврзани содржини