СОБРАНИЕТО ГИ УСВОИ ЗАКЛУЧОЦИТЕ ЗА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ 68 пратеници гласаа „за“, останатите ја напуштија салата (ФОТО)
Пред гласањето, пратениците од опозицијата ја напуштија пленарната сала во Собранието.
Со 68 гласа „за“, македонскиот Парламент денеска ги усвои заклучоците со коишто се задолжува Владата да го продолжи процесот со Европската Унија и да се усвои преговарачката рамка.
Пред гласањето, пратениците од опозицијата ја напуштија пленарната сала во Собранието.
Инаку, атмосферата во салата беше проследена со прозивки и обвинувања од двата табора, а имаше и прилично тензични моменти.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица бараа отфрлање на францускиот предлог, кој, според нив, води кон директна асимилација на македонскиот народ и долгорочно попречување на европскиот пат на Македонија.
За разлика од нив, пратениците од власта убедуваа дека оваа преговарачка рамка нуди неповредливост на македонскиот идентитет и нуди почеток на преговори за полноправно членство во Унијата.