Собранието ги констатира оставките на Маргарита Цаца Николовска и Гордан Калајџиев од Советот за граѓански надзор
Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната собраниска седница ги констатира оставките на Маргарита Цаца Николовска од претседател на Советот за граѓански надзор и на Гордан Калајџиев од член на Советот.
Цаца Николовска и Калајџиев не ги образложија оставките пред пратениците.
Веќе подолго време Советот се жали дека нефунционалноста на телото произлегува од несоодветното спроведување на Законот за следење на комуникациите, којшто беше донесен со консензус меѓу политичките партии.
Се бараше во Собранието да се овозможи непречено практично, а не само декларативно функционирање на Советот за граѓански надзор во безбедносниот сектор.
Задачата на ова тело е да ги проверува сомнежите на граѓаните, да советува и да алармира, во услови кога реформите во овој сектор се суштински за нашите евроатлантски интеграции