СОБРАНИЕТО ЈА ИЗГЛАСА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА ЗА ОБВИНИТЕЛОТ КОЦЕВСКИ Немаше против, ниту воздржани пратеници

Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата се основани.

1,940

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Вкупно гласаа 71 пратеник, сите гласаа „за“, немаше против, ниту воздржани.

– На Собранието му предлагам да го донесе следниот заклучок: Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата се основани. Овој заклучок да се достави до Владата и до државниот јавен обвинител – рече потпретседателката на Собранието Весна Бендевска, која ја водеше седницата.






Поврзани содржини