Собранието ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд

По изборот Кацарска даде свечена изјава за стапување на функцијата.

996

Собранието на Република Северна Македонија попладнево на продолжение  на 20. седница со 61 глас „за“ ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд.

Претресот за предлогот Кацарска да биде избрана за судија на Уставениот суд беше претходно завршен.






По изборот Кацарска даде свечена изјава за стапување на функцијата.

По завршувањето на 20. седница, пратениците преминаа на точките од 21.

Поврзани содржини