Собрани нови 20.000 потписи против фалсификат на пописот

45 илјади потписи за вистински попис. Но и многу поширока порака за власта, која ако сега не ја разбираат, ќе ја разберат многу скоро. Македонската пролет доаѓа - порача Мицкоски!

393

Денес се собрани нови 20 илјади потписи против фалсификат на пописот кој на сила го турка власта. За два дена собрани се 45 илјади потписи, информира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Благодарност до секој еден граѓанин за поддршката. Никој повеќе го нема правото да го игнорира народот, затоа што народот е силата, енергијата и кај него е вистината. 45 илјади потписи за вистински попис. Но и многу поширока порака за власта, која ако сега не ја разбираат, ќе ја разберат многу скоро. Македонската пролет доаѓа – порача тој!

Поврзани содржини