СОБОРОТ ГО ПРОМЕНИ УСТАВОТ Украинската црква прогласи целосна независност
Соборот усвои соодветни измени на уставот за управување со УПС, што значи негова целосна независност и самостојност, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на УПС.
Соборот на Украинската православна црква денеска изрази несогласување со ставот на рускиот патријарх и на цела Русија, Кирил во однос на конфликтот во Украина и усвои измени на уставот на УПЦ, што значи нејзина целосна независност.
– Ние не се согласуваме со ставот на московскиот патријарх Кирил… за војната – се вели во соопштението на црквата по одржувањето на Соборот фокусиран на руската „агресија“ против Украина, каде што прогласи „целосна независност и автономија на Украинската православна Црква“.
Соборот усвои соодветни измени на уставот за управување со УПС, што значи негова целосна независност и самостојност, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на УПС.