🎥 СОБОРЕНИ НЕКОЛКУ АМЕРИКАНСКИ АВИОНИ НАД КУВАЈТ Армијата на САД сè уште не коментира

Портпаролот на кувајтското Министерство за одбрана посочи дека се лоцирани членовите од урнатите авиони и се пренесени во болница и сите се во стабилна состојба.

2,374

Неколку американски воени авиони се урнаа во Кувајт, при што сите членови на екипажот преживеаја, соопшти денеска портпаролот на кувајтското Министерство за одбрана.

Тој не ја наведе причината за несреќата, ниту пак колку авиони се урнале.






Портпаролот на кувајтското МО посочи дека се лоцирани членовите од урнатите авиони и се пренесени во болница и сите се во стабилна состојба.

Армијата на САД сè уште не ги коментираше наводите за уривање на авиони во Кувајт.

Истрагата е во тек, а координацијата се одвива директно помеѓу кувајтските власти и американските сили стационирани во земјата.

Сè уште не е јасно што предизвикало пад на американските авиони, но инцидентот се случил за време на интензивен ирански копнен оган.

Поврзани содржини