СОБОРЕН КОВИД РЕКОРДОТ ВО СРБИЈА Убедливо најголем број на заразени од почетокот на пандемијата
Да потсетиме, вчера во Србија беа тестирани 26.133 лица за коронавирус, од кои 8.949 беа позитивни, додека, за жал, 24 лица починаа. Во болниците имало 2.229 пациенти, од кои 87 пациенти биле на респиратор.
Во последното деноноќие во Србија биле тестирани 37.402 лица за коронавирусoт, од кои 13.693 биле позитивни, додека 22 лица починале, а на респиратори се 86 пациенти.
Најголем број заболени досега во оваа земја имало на 6 јануари кога се регистрирани 9.122 нови случаи на ковид-19.
Да потсетиме, вчера во Србија беа тестирани 26.133 лица за коронавирус, од кои 8.949 беа позитивни, додека, за жал, 24 лица починаа. Во болниците имало 2.229 пациенти, од кои 87 пациенти биле на респиратор.
Д-р Зоран Бекиќ, координатор на пунктот за вакцинација на Белградскиот саем и директор на Здравствениот дом Савски Венац, вели дека загрижувачки е бројот на заразени меѓу оние кои првпат доаѓаат на преглед.
Бекиќ во утринската програма на РТС рече дека ако погледнеме на крајот на минатата година, кога бројките почнале да растат благо, имало околу 1.500 или 1.600 луѓе, а веднаш по Нова година тие бројки почнале нагло да растат на 2.700, 5.200, да има најголем пик на 9.200, па благо смирување од 7.500 два дена, па се вратат на 9.000.
– Сето ова е последица на омикронот кој се шири пет пати побрзо. Од друга страна ја успоривме имунизацијата. Два милиони и триста илјади граѓани не примија никаква доза, 980.000 кои исполнија услов за трета доза не примија. Тоа е 3.300.000 граѓани се цел на инфекција – изјави д-р Бекиќ.
Докторот потенцира дека ова укажува на голем број контакти, масовни собири и непочитување на мерките.