📽️ 📷 СОБОРЕН АМЕРИКАНСКИ АВИОН ВО ИРАН Двајцата пилоти ги бараат и Иранците и Американците

Иран објави фотографии од седиштето за катапултирање откако борбениот авион Ф-15 беше соборен порано денес, додека моменталната локација на двајцата пилоти е непозната.

443

Двајца членови на екипажот на американскиот борбен авион Ф-15 што беше соборен над Иран, а не еден како што првично се мислеше, се во бегство во Иран, а за нивно заробување се нуди награда, објавува „Дејли меил“.

 






Иран објави фотографии од седиштето за катапултирање откако борбениот авион Ф-15 беше соборен порано денес, додека моменталната локација на двајцата пилоти е непозната.

 

Иранските државни медиуми, исто така, објавија снимки на кои наводно се гледаат остатоците од соборениот американски авион.

 

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат американски авиони како летаат ниско над јужен Иран како дел од операцијата за пребарување и спасување.

 

На цивилите им е ветена „вредна награда“ ако успешно ги заробат пилотите, додека на иранските телевизиски гледачи им е кажано да „пукаат во нив ако ги видат“, што се однесува на американските авиони што летаат ниско во регионот.

 

Корпусот на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека соборила два американски авиони ловци, од кој едниот е Ф-35.

Во соопштението се наведува дека авионот Ф-35 е соборен над централниот дел на Иран и е целосно уништен, а не е непозната судбината на пилотот.

Другиот американски авион ловец е погоден јужно од островот Кешм и потоа се урнал „во длабочините на Персиски Залив.

ИРГЦ наведува дека соборувањето на борбениот авион бил директен одговор на неодамнешната реторика на Вашингтон, имено на тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека американските сили ја уништиле воздушната одбрана на Иран.

„По лажното тврдење на лажниот американски претседател за целосно уништување на воздушната одбрана на ИРГЦ, пред неколку моменти напреден непријателски ловец беше погоден јужно од островот Кешм од страна на современ напреден систем за воздушна одбрана на морнарицата на ИРГЦ“, се наведува во соопштението.

Иран на 11 март собори авион Ф-35 над централен Иран.

ИРГЦ тврди дека вооружените сили на Иран досега собориле два авиона Ф-35, еден Ф-18, два Ф-16 и четири Ф-15 од почетокот на американско-израелската напад што почна на 28 февруари.

Американската армија официјално ја потврди загубата на три американски Ф-15 и еден танкер КЦ-135.

Поврзани содржини