СОБИРАЛА ПАРИ ЗА ЛОГОПЕД ЗА ДЕТЕТО, НЕА ЈА ОГРАБИЛЕ Досетлив Србин ѝ собрал 280 евра на тетовка

187

Тетовка пријавила во полиција дека е измамена и ограбена за сума од 280 евра. Во СВР Тетово 39-годишна жена вчера пријавила дека била измамена за сума од 280 евра од А.К. од Србија.

Според пријавеното, лицето ја контактирало на мобилна апликација и ѝ кажало дека сака да донира одреден износ на пари како помош за нејзиното дете, кое посетува логопед. Тој побарал од неа претходно како гаранција да му испрати 280 евра преку брз трансфер на пари.






Како што е пријавено, откако го сторила тоа, лицето побарало уште пари, по што жената сфатила дека била измамена.

Поврзани содржини