Собирајте измет од галеби и пеликани и станете милионери

Причината за ова е што нивниот измет може да се користи како трговско ѓубриво и е од витално значење како придонес за хранливите материи во морските екосистеми.

919

Според новите истражувања, изметот на морска птици, како галеби, пеликани и пингвини, може да вреди скоро половина милијарда долари годишно.

Причината за ова е што нивниот измет може да се користи како трговско ѓубриво и е од витално значење како придонес за хранливите материи во морските екосистеми.






Можеме да се продадава како ѓубриво

За да се подигне свеста за важноста на морските птици и зачувувањето на нивните живеалишта, научниците се обидоа да го измерат нивниот придонес со проценка на вредноста на изметот од птиците и да илустрираат какви трошоци нè чекаат доколку популацијата на овој вид се намали, пишува „CNN“.

И се чини дека не станува збор за „ситни пари“. Имено, вредноста на изметот на овие птици се проценува на повеќе од 473 милиони долари годишно.

– Изметот на морските птици е производ што го добиваме без никакви трошоци. Треба само да одиме на брегот или островот, да го собереш изметот и да ги продадеме по пазарна цена како ѓубриво – вели екологот Маркус В. Цанцијарусо од универзитетот Гојас во Бразил.

Важноста за екосистемот и крајбрежната економија

Иако само неколку видови морски птици произведуваат измет што може да се комерцијализира во Перу, Чиле и во други земји, отпадот на други птици придонесува за виталните хранливи материи за морските екосистеми, што пак е важно за крајбрежната економија.

– Морските птици ослободуваат високи концентрации на азот и фосфор преку фекалиите, предизвикувајќи важни промени во морското опкружување во околината – се наведува во студијата.

На пример, кај екосистемите на коралните гребени, хранливите материи од изметот на морските птици влијаат на бројот на риби, но и на нивната големина, што е важно за риболовот и туризамот на места како Карибите или Југоисточна Азија.

Експертите отидоа да ја пресметаат годишната вредност на азотот и фосфорот испуштен од морските птици, односно колку би чинело да се замени корисниот состав на нивниот измет со вештачките хранливи материи. Се покажа дека ѓубривото е многу поскапа опција отколку да се инвестира во заштита на птиците и нивните живеалишта.

Проценета вредност од една милијарда долари

– Направивме многу конзервативна проценка дека 10% од рибите од коралните гребени зависат од нутритиенти од морските птици – рече Плазас-Хименез, докторант на универзитетот Гојас, кој работеше на истражувањето.

– Според Обединетите нации и австралиската влада, годишните економски приноси на трговскиот риболов на коралните гребени надминува 6 милијарди долари. Значи, 10% од оваа вредност е околу 600 милиони долари годишно. Додајте ја на тоа комерцијалната вредност од скоро 474 милиони долари, вкупната вредност морските птици се зголемува на милијарда долари – додаде тој.

Популацијата на морски птици е загрозено од климатските промени, инвазивните видови, прекумерниот риболов, но и нивниот „нутриционистички лов“, а тоа е, тие често случајно умираат како нуспроизвод на комерцијалениот риболов.

Студијата наречена „Valuing Ecosystem Services Can Help to Save Seabirds“, беше објавена во списанието „Trends in Ecology & Evolution“.

Поврзани содржини