СОБЕРИ 4 ПОЕНИ И ОСВОЈ ПАТУВАЊЕ ОД 250.000 ДЕНАРИ! Наградна игра на Лукоил

Наградната игра трае од 24.10 до 25.12.2022 година. Во тој период ќе бидат доделени 1 ваучер за патување во вредност од 250.000 денари, 8 ваучери за пнeвматици во вредност од 12.000 денари, 32 ваучери за гориво во вредност од 3.000 денари и 20 ланци за гуми.

409

Лукоил Македонија ја наградува лојалноста на своите потрошувачи. Наградната игра им нуди можност на своите потрошувачи и членови на Лукоил клуб програмата за лојалност, со собрани минимум 4 поени на Лукоил клуб картичката или мобилната апликација, да добијат вредни награди.

Во наградната игра на Лукоил „Собери 4 поени на твојата Лукоил клуб картичка или мобилна апликација и освој вредни награди“ ќе можат да учествуваат сите членови на Лукоил клуб програмата за лојалност, кои за одреден период ќе соберат минимум 4 поени на својата Лукоил клуб картичка или мобилна апликација и ќе испратат СМС порака на бројот 14775, со следнава содржина: БРОЈ НА СЛИП–СМЕТКА (празно место) LUKOIL (празно место) ВРЕМЕ НА ИЗДАВАЊЕ НА СЛИП – СМЕТКА (пример на формат за СМС порака:12345 LUKOIL 16:03). Цената на СМС пораката е 5,9 денари со вклучен ДДВ.






Наградната игра трае од 24.10 до 25.12.2022 година. Во тој период ќе бидат доделени вкупно 1 ваучер за патување во вредност од 250.000 денари, 8 ваучери за пнeвматици во вредност од 12.000 денари, 32 ваучери за гориво во вредност од 3.000 денари и 20 ланци за гуми.

– Снабдувањето со гориво со постојан и сигурен квалитет и високото ниво на услуги за задоволување на потребите на клиентите е дел од нашата долгогодишна стратегија. Оцена за нашето успешно работење е задоволството на нашите корисници. Постојано работиме во насока на создавање доверба и градење лојални односи со корисниците. Затоа, и оваа година обезбедивме вредни, корисни и атрактивни награди, како директна благодарност за користењето на нашите услуги. На сите учесници во наградната игра им посакувам среќа! – изјави Андреј М. Куку, регионален управител на Лукоил Македонија.

Извлекувањето ќе биде по случаен избор, секоја втора недела, при што ќе се доделуваат награди за среќните корисници, додека, пак, на последното извлекување на 26.12.2022 година ќе биде извлечена главната награда – ваучер за патување во вредност од 250.000 денари. Во секое двонеделно извлекување ќе се извлекуваат кодовите пратени во периодот од  две недели меѓу извлекувањата, а сите пратени недобитни кодови ќе бидат во игра за главната награда. Добитниците на награди од секое коло ќе бидат објавени во рок од 3 дена од извлекувањето во дневниот весник „Нова Македонија“.

Деталите и правила на наградната игра можете да ги најдете на www.lukoil.com.mk, а до нив може директно да се пристапи на овој линк. Во текот на целото времетраење на наградната игра, сите учесници ќе можат да се обратат на контакт центарот на  072/917-005, каде ќе можат да добијат поддршка поврзана со наградната игра, секој работен ден од 09:00 – 17:00 часот.

Она што е важно за сите корисници што ќе учествуваат е дека треба да ги чуваат слип-сметките од кодовите што ќе ги пратат, со цел да ги прикажат како доказ при освојување една од наградите.

Поврзани содржини