Со знамиња на „ОВК“, Тачи пречекан во Косово (ВИДЕО)
Тој претходно слетал во аеродромот „Мајка Тереза“ во Тирана со авион што го донел од Хаг.
Косовскиот претседател Хашим Тачи вечерва пристигна во Косово. На граничниот премин Врбница го дочекале граѓани кои скандирале „ОВК-ОВК“.
Тој претходно слетал во аеродромот „Мајка Тереза“ во Тирана со авион што го донел од Хаг.
– Само што слетав во Тирана од Хаг и ќе пристигнам на Косово во вечерните часови. Утре во 20 часот, ќе се обратам пред јавноста за последните четири дена во Хаг. Ви посакувам убав викенд. Ве уверувам дека никој не може да ја прекројува нашата историја – напишал Тачи во објавата на Фејсбук.
Обвинението против Тачи е поднесено на 24 април и сега е кај судијата, надлежен да го разгледа и да донесе одлука за потврда, објави Специјалното обвинителство кон крајот на јуни.
Според изјавата на обвинителот, Тачи, лидерот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели и други осомничени во обвинението се товарат за скоро 100 убиства на Косово.