СО ЗАКАНИ ВРЗ СУДИЈАТА ДЕЛЕЛ „ПРАВДА“ За настапот во дворот на судијата добил обвинение, а ќе добие и продолжен притвор

890

Влегол во дворот на на семејната куќа на судија од Гостивар и со повисок тон го прашал дали го познава, по што директно почнал да му се заканува, споменувајќи поврзаност со наводна судска постапка. По упатените закани на висок тон си заминал.

Настанот се случил на 29 април во селото Вруток. Заканувачот се обидел да покаже дека и на ваков начин, со закани врз судијата, кај нас може да се „дели правда“.

Заканувачот сега е во притвор, а Основното јавно обвинителство од Гостивар поднело Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело Загрозување на сигурноста. Заканите биле упатени во врска со вршењето на професионалните задачи кои судијата ги преземал во рамките на своите овластувања.

Јавниот обвинител бара да се продолжи притворот за обвинетиот.

Поврзани содржини