СО ЗАКАНИ ЈА ВНЕЛ БИВШАТА ВО ВОЗИЛО И ЈА ТЕПАЛ Пијан маж нападнал две лица и ја грабнал поранешната

Педесетгодишен скопјанец е приведен откако нападнал две лица пред маркет во Ѓорче Петров и со закани ја внел поранешната партнерка во автомобил. Кај него биле измерени 1,15 промили алкохол.

287

Педесетгодишен скопјанец е уапсен откако направил сериозен инцидент пред маркет во населбата Ѓорче Петров, каде нападнал две лица, а потоа со закани ја внел својата поранешна партнерка во автомобил и физички ја нападнал.

Настанот се случил на 18 февруари околу 22:50 часот. Полицијата го привела П.Г. (50) од Скопје по пријава дека пред маркет најпрво физички ги нападнал В.С. (40) од Скопје и С.В. (51) од Крива Паланка.






Според пријавеното, тој потоа со закани ја натерал својата 44-годишна поранешна партнерка да влезе во неговото возило, по што физички ја нападнал.

При проверките било утврдено дека осомничениот бил под дејство на алкохол измерени му биле 1,15 промили во крвта.

По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини