СО ЗАЕВ СМЕ СЀ ПОДАЛЕКУ ОД ЕУ Мицкоски вели дека Владата 5 години раскажува сон кој нема да се оствари

Но, она што мене ме прави посебно среќен е тоа што Европската народна партија, најголемото политичко семејство во Европа стои цврсто на ставот дека иднината на земјите од Западен Балкан е во рамките на ЕУ, рече Мицкоски.

275

Очекувам како што кажавте недвосмислена и целосна поддршка за интеграција на Западниот Балкан во рамките на ЕУ и јасна европска перспектива за земјите од регионот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Љубљана во изјава за Алфа телевизија.

– Но, тоа што мене ме загрижува е информацијата којашто од маргините ја добив, а тоа е дека на инсистирање на една земја членка, да се фиксира прецизна дата којашто би била краен рок за интегрирање на земјите членки, на земјите коишто се дел од Западниот Балкан. Две земји членки за жал не прифатиле да биде тоа дел од заклучоците на утрешниот Самит на шефови и влади на ЕУ посветен на Западен Балкан. И со тоа практично се доведува во прашање јасната и недвосмислена европска перспектива на земјите од Западен Балкан – истакна Мицкоски.






Тој додаде дека тоа не нè прави среќни, туку не разочарува, ако се потврди како вистинита информација, се поставува прашањето дека веќе петта година Македонија и граѓаните живеат во сон, што всушност не ќе може да се оствари.

– Тој сон е една голема лага, којшто изминативе 52 месеци оваа Влада на СДСМ и на Зоран Заев ни го прераскажуваат, а во суштина претставува обид да се одржат што е подолго можно на политичката сцена. И да продолжат нормално со криминалот и со сето она што македонските граѓани се сведоци изминативе 52 месеци или веќе 5-та година – вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека токму таа информација, која треба да биде заклучок на утрешниот Самит на шефови и влади на ЕУ посветен на Западен Балкан не ги радува македонските граѓани.

– Но, она што мене ме прави посебно среќен е тоа што Европската народна партија, најголемото политичко семејство во Европа стои цврсто на ставот дека иднината на земјите од Западен Балкан е во рамките на ЕУ – рече Мицкоски.

Поврзани содржини