СО ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК ЗАПОЧНУВААТ ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА Денеска е денот на Тајната вечера, смирение и духовна подготовка

Суштинската порака што ја носи Велики Четврток е повик кон живот исполнет со љубов, скромност и пожртвуваност. Тој потсетува дека вистинската вера се потврдува преку делата и односот кон другите, а не само преку зборовите.

101

Православните христијани денеска го празнуваат Велики Четврток, еден од најзначајните денови во рамките на Страсната седмица и претставува важна духовна пресвртница пред одбележувањето на Велигден. Денот е длабоко вкоренет во христијанската традиција и носи силна симболика поврзана со последните настани од животот на Исус Христос.

Централно место во одбележувањето има споменот на Тајната вечера, кога Христос, заедно со своите ученици, ја востановил светата причест. Преку лебот и виното, како симболи на своето тело и крв, тој ја пренел пораката за духовно заедништво, љубов и саможртва, која останува темел на христијанската вера.






Посебно значење има и гестот на миење на нозете на апостолите, со кој Христос ја нагласил вредноста на понизноста и служењето. Овој чин се смета за еден од најсилните примери за човечка скромност и повик кон грижа за ближните.

Во исто време, денот потсетува и на навестувањето на предавството од страна на Јуда Искариотски, што ја истакнува човечката слабост и моралните дилеми со кои се соочува секој поединец.

Во православните храмови се одржуваат богослужби исполнети со молитва и читања, а верниците се насочуваат кон духовно прочистување преку исповед и причестување. Оваа подготовка има за цел да ги приближи до суштината на претстојните празнични денови.

Традицијата во Македонија му дава дополнителна димензија на Велики Четврток преку обичајот на боење јајца. Првото, најчесто обоено во црвено, се смета за симбол на Христовата жртва и воскресение и се чува во домот како знак на заштита и благосостојба.

Денот се поминува во дух на воздржаност, пост и тивко размислување, без прослави, како подготовка за трагичните настани на Велики Петок и радоста што следува со Христовото воскресение.

Суштинската порака што ја носи Велики Четврток е повик кон живот исполнет со љубов, скромност и пожртвуваност. Тој потсетува дека вистинската вера се потврдува преку делата и односот кон другите, а не само преку зборовите.

Денеска, четврток, е последниот работен ден од неделата, по што следува празничниот викенд. Велики петок е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во земјааава, како и понеделник. Се очекува неработните денови многу граѓани да ги искористат за патување надвор од градовите, или од земјава.

Поврзани содржини