СО ВАУЧЕР И СО ФАМИЛИЈАРЕН БОНУС ДО НОВ ЛАП ТОП Македонски Телеком им нуди примамлива комбинација на студентите

Ваучерот се искористува во целост, а доколку вредноста на уредот е повисока, студентот може да ја покрие разликата преку својот Фамилијарен буџет.

5

Секој студент кој е корисник на Македонски Телеком и кој има одобрен ваучер од 15.300 денари за набавка на електронски уреди, ќе може да го искористи својот Фамилијарен буџет како доплата при купување лаптоп, таблет или десктоп компјутер од понудата на Македонски Телеком, информира Телеком.

Право на аплицирање имаат студенти до 29 години запишани на додипломски студии во учебната 2025/2026 година, а акцијата трае до 31.12.2025.






По одобрувањето на ваучерот, студентот треба да одбере уред од официјалниот линк на компанијата и да ја посети најблиската продавница на Телеком, каде што ќе го користи ваучерот. Ваучерот се искористува во целост, а доколку вредноста на уредот е повисока, студентот може да ја покрие разликата преку својот Фамилијарен буџет.

За време на акцијата, секој студент на кој му е одобрен ваучер, ќе може да ја искористи единствената можност да го одбере T Tablet 2 по цена од само 1 денар.

Фамилијарниот буџет е достапен за сите Magenta 1 корисници со активен договор за лојалност, а неговата вредност зависи од минималната месечна обврска за мобилните линии вклучени во пакетот. Буџетот може да се користи за набавка на нови уреди од понудата на Македонски Телеком, вклучително и како доплата при користење студентски ваучер.

Македонски Телеком ги охрабрува студентите да аплицираат за ваучер и да ја искористат оваа единствена можност да набават ново парче технологија по навистина поволни услови. Ова претставува уште еден важен чекор кон обезбедување еднаков пристап до дигитални алатки и знаење – темел на современото, дигитално општество во кое живееме.

Поврзани содржини