СОЈУЗОТ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ ИМА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ По неколкумесечна борба, Ѓорѓевски на чело на ССК

Со ова заврши неколкумесечната борба за тоа кој ќе го предводи ССК, која што во времето на претходниот претседател Трајан Ангелоски беше казнета од Комисијата за заштита на конкуренцијата дека организирала картел со четири маркети, со цел да диктираат цени во продавниците.

1,252

Сојузот на стопански комори од денеска со нов претседател. Централниот регистар на Македонија го заведе Горан Ѓорѓевски како нов прв човек на оваа Комора.

Со ова заврши неколкумесечната борба за тоа кој ќе го предводи ССК, која што во времето на претходниот претседател Трајан Ангелоски беше казнета од Комисијата за заштита на конкуренцијата дека организирала картел со четири маркети, со цел да диктираат цени во продавниците.






Фото: Централен регистар

Ова беше катализатор за барање на негова смена.

Фото: Централен регистар

Новиот лидер на ССК, Ѓорѓиевски е досегашен претседател на Агро – бизнис комората при оваа организација.

Фото: Централен регистар

Фото: Централен регистар
Поврзани содржини