СОЈУЗОТ НА ИЗВИДНИЦИ ВОДИ ИНТЕРНА ИСТРАГА ЗА СЕКС СКАУТИТЕ Ваков скандал нема да се случи во иднина

Сојузот на извидници жали што еден нивен член се почувствувал небезбеден во организиран камп и обука на извиднички одред.

799

Сојузот на извидници на Македонија жали што негови членови се почувствувале небезбедно и најави дека неговите тела ќе спроведат истрага и ќе определат соодветна казна за одредот, откако родители на тинејџери алармираа до институциите и медиумите дека под превезот на сексуална едукација во извидничкиот камп близу Зелениково се барало  од учесниците да глумат секс-пози, да посочат со колку партнери имале секс,  да симулираат секс и да се соблекуваат.

– Телата на сојузот ги преземаат неопходните мерки во насока ваков или сличен случај веќе никогаш да не се повтори и сите членови да се чувствуваат безбедно при учество во која било активност на национално или локално ниво, согласно извидничката програма – велат од Сојузот на извидници на Македонија.






Оттаму додаваат дека жалат што нивни член се почувствувал небезбедно и се обврзуваат дека ваква ситуација нема да се случи во иднина.

– Воедно, ги охрабруваме сите извидници кои во даден момент се почувствувале небезбедно и непријатно (од која било причина) да нѐ контактираат и согласно нашите можности и ингеренции да преземеме соодветно дејвствие. Телата на сојузот ќе спроведат интерна истрага и од нејзиниот исход и истрагата од надлежните институции ќе преземат мерки за санкционирање на одредот организатор – велат од Сојузот.

Потсетуваат дека од 2017 година со носењето на резолуцијата на Светската извидничка конференција, Сојузот на извидници на Македонија како организација членка се обврзал дека преку извидништвото ќе понуди безбедна едукативна околина за деца и млади, како и улогата што возрасните ја имаат за постигнување на истото.

Во Сојузот на извидници се активни 22 одреди на извидници.

Поврзани содржини