СОЈУЗОТ „АУКУС“ ПРАВИ НУКЛЕАРНИ ТЕНЗИИ ВО СВЕТОТ Путин и Си Џинпинг лути на САД, Британија и Австралија

Путин исто така го информирал Си за неодамнешниот разговор со Бајден, за заканата од проширувањето на НАТО на исток и за потребата од преговори за безбедносни гаранции дека Алијансата нема да се прошири понатаму на исток, оценувајќи дека разговорот бил значаен, објасни Ушаков, претставник од Кремљ.

413

Русија и Кина се загрижени дека сојузот АУКУС меѓу САД, Велика Британија и Австралија ги зголемува нуклеарните тензии во светот, изјави Јуриј Ушаков, руски претставник од Кремљ за медиумите. Претседателите на двете земји, Путин и Си Џинпинг оценија и дека Самитот за демократија кој САД неодамна го организираше е „конфронтирачки“.

На видео средбата меѓу Путин и Си се разговарало и за продолжување на соработката во борбата против ковид-19. Ушаков нагласи дека двете страни укажале на важноста од дистрибуцијата на руските вакцини Спутник В и Спутник Лајт во Кина. Договорено е да се обезбедат повеќе од 150 милиони дози годишно.






Рускиот претседател го истакнал придонесот на руско-кинеската соработка за светската стабилност.

– Блиската соработка меѓу Русија и Кина, нивните акции на глобалната арена, одговорниот заеднички пристап кон решавањето на глобалните проблеми станаа важен стабилизирачки фактор во меѓународните односи – рече Путин.

Според некои руски медиуми, рускиот претседател го информирал Си за неодамнешниот разговор со Џозеф Бајден, за заканата од проширувањето на НАТО на исток и за потребата од преговори за безбедносни гаранции дека нема да се прошири понатаму на исток, оценувајќи дека разговорот бил значаен, објасни Ушаков.

Си и Путин претходно разговараа на 28 јуни, на 20-годишнината од потпишувањето на Договорот за добрососедски односи, пријателство и соработка меѓу Русија и Кина.

Поврзани содржини