Сојуз на стопански комори: Во услови на криза не е можно да се зголеми акцизата на горива

Според ССК, излезот од кризата не лежи во зголемување на акцизите, а преку тоа и на цените заради полнење на буџетот, туку во обезбедување на институционална финансиска инјекција кон приватниот сектор и граѓаните.

605

Сојузот на стопански комори на Македонија е против предлогот за зголемување на акцизата на горивата кој дојде од Стопанската комора, а вчера министерката за финансии Нина ангеловска изјави дека веќе се размислува за зголемување на акцизата од два денари.

Од ССК велат дека тоа ќе предизвика дополнително оптоварување на домаќинствата, земјоделците, ќе ги зголеми цените на транспортот, како и цената на голем број производи и услуги.






– Мерка која е во корист на две-три фирми, а на товар на претприемачите и граѓаните и тоа во време на криза, не е добредојдена. Овој чекор може да нанесе штета на малите и средни компании од сите сектори, а со тоа и на над 99 проценти од регистрираните субјекти во приватниот сектор и на граѓаните кои очекуваат мерки за помош, а не покачување на трошоците – реагираат од Сојузот на стопански комори.

ССК  додадва дека малите и средни претпријатија се 99,8 проценти од сите регистрирани во земјата, од сите сектори, земјоделство, трговија, угостителство, услуги, ИКТ, мали индустриски капацитети без кои не само економијата, туку и целото општество нема да функционира и треба да им се помогне, а не да се смислуваат нови начини во кризава да им се зголемуваат трошоците..

Според ССК, излезот од кризата не лежи во зголемување на акцизите, а преку тоа и на цените заради полнење на буџетот, туку во обезбедување на институционална финансиска инјекција кон приватниот сектор и граѓаните. Со предложените мерки, со сегашната ситуација се најави дека во просек во државниот Буџет, по основ на акцизи и ДДВ од продажбата на нафтените деривати, на месечно ниво би се прибрале средства околу 4 милиони евра, односно близу 50 милиони евра на годишно ниво.

Поврзани содржини