СО УВЕЗЕНИОТ ЈАГЛЕН ЌЕ СЕ НАПРАВИ ШТЕТА НА БЛОКОВИТЕ НА РЕК БИТОЛА Мицкоски предупредува дека ќе се уништат патиштата

Мицкоски потенцираше дека ова набавка на јаглен ќе чини повеќе од 50 милиони евра, додавајќи дека со штета ќе се направи и врз блоковите во РЕК Битола бидејќи тие биле димензионирани и проектирани на тој јаглен којшто сега се наоѓа таму, а не јагленот којшто ќе се донесе од увоз.

2,236

Јас тоа го алармирав уште пред неколку месеци дека Македонија ќе се соочи со сериозна енергетска криза. Тоа кај нас го чувствуваат компаниите коишто се на слободниот пазар, а наскоро ќе го почувствуваат и граѓаните, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали претстои енергетска криза и што значи набавката на јаглен.

Мицкоски потенцираше дека ова набавка на јаглен ќе чини повеќе од 50 милиони евра, додавајќи дека со штета ќе се направи и врз блоковите во РЕК Битола бидејќи тие биле димензионирани и проектирани на тој јаглен којшто сега се наоѓа таму, а не јагленот којшто ќе се донесе од увоз.






– Слушнав дека планираат некаде околу 900 илјади тони да увезат јаглен, најверојатно тоа ќе биде од соседно Косово. Тоа е приближно 45.000 до 50.000 тури, тоа значи дека некаде помеѓу 450, до 550 натоварени возила, тешко натоварени возила камиони ќе треба да го поминуваат патот од северната граница до РЕК Битола. Сега има два начина како до таму да се стигне или преку Кичево, Демир Хисар или пак да се оди преку автопатот Росоман, Плетвар, Прилеп, Битола. Познатиот автопат, односно експресниот пат Горан Сугарески, којшто остана раскопан и којшто никогаш не го направија бидејќи не можеа да се договорат за провизиите и куферчињата коишто требаше да стигнат таму каде што бараше Горан Сугарески да стигнат. И за жал, прилепчани, битолчани и останатите ќе бидат сведоци на едно страшно лоша динамика за возење по тој пат следниве 90 дена или пак кичевци, гостиварци и тетовци, доколку ја одберат таа рута преку Демир Хисар, Кичево да се оди до Битола. Така што повеќе од 50 милиони евра ќе чини таа набавка на јаглен. Штетата којашто ќе се направи врз блоковите во Битола ќе чини многу повеќе од 50 милиони евра бидејќи тие се проектирани и димензионирани на тој јаглен којшто се наоѓа таму, а не јагленот којшто ќе се донесе од увоз. Но, за среќа и за граѓаните и за Македонија што овие луѓе нема да траат уште долго, ќе траат многу кратко, недели се во прашање, доаѓа влада којашто знае како да се справи со енергетската криза, но и како да функционира стабилно електро енергетскиот систем на Македонија и со тоа да нема големи импликации во економијата, и да нема големи импликации по стандардот на граѓаните – вели Мицкоски.

Тој повика на масовна излезност и поддршка на 17 октомвриза да стават крај на ова, како што рече, расипничко криминално измамничко владеење во изминативе 52 месеци.

Мицкоски истакна дека доколку Зоран Заев и СДСМ малку повеќе работеа на проекти, а помалку на провизии и криминал, тогаш до сега автопатот Кичево – Охрид ќе бил изграден.

– Нормално е дека ќе бара одговорност, иако веќе 5 година е власт во државата. Јас не очекувам нешто различно тој да каже отколку да ја префрли топката пред 5, 6, 7, 8, 10 години што се случувало. Во суштина 5 години гледаме многу криминал, многу пљачка, многу наместени тендери и многу куферчиња што се разнесуваат низ Македонија. Доколку повеќе мислеше на работи и проекти, а помалку на куферчиња, криминал и провизии, тогаш автопатот ќе беше веќе готов и немаше да имаме толку луѓе, коишто за жал трагично го загубија својот живот, а охриѓани ќе можеа побрзо да патуваат и всушност сите оние туристи коишто сакаат да дојдат во Охрид ќе можеа побрзо да стигнат. Но, за жал уште малку ќе треба да ја истрпиме оваа власт на СДСМ и Зоран Заев и после 17 октомври следуваат промени во Македонија на подобро – изјави претседателот Мицкоски.

 

Поврзани содржини