СО УКРАИНА ЌЕ ЗАВРШИ ПРЕВЛАСТА НА ЗАПАДОТ НАД СВЕТОТ Орбан типува на Путин и вели дека сите се на руска страна
Орбан посочува дека се заборава фактот дека „голем дел од светот не застана на страната на САД и ЕУ по прашањето за Украина, притоа споменувајќи дека Кина, Индија, Бразил, Јужна Африка, Арапскиот свет и Африка воопшто не ја поддржуваат западната политика за украинскиот конфликт“.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека не верува во воената победа на Западот во Украина, додавајќи дека санкциите веќе почнуваат да „паѓаа во вода“, пренесува РТ. Во интервју за германските медиуми, тој исто така рече дека смртоносниот конфликт во Украина има потенцијал демонстративно да стави крај на западната хегемонија, на глобално ниво.
Како што оценува, кога ќе заврши вооружениот конфликт во Украина, Европа ќе излезе од него значително послаба, во политичка смисла. Орбан тврди и дека Западот не е способен да победи ниту воено, ниту економски бидејќи, како што вели, санкциите наметнати на Москва се бесмислени бидејќи не ја постигнале целта – да го ослабат Путин и неговиот режим.
– И да бидат работите уште полоши, сето тоа им се врати како бумеранг – додаде Орбан.
Тој исто така посочува дека се заборава фактот дека „голем дел од светот не застана на страната на САД и ЕУ по прашањето за Украина, притоа споменувајќи дека Кина, Индија, Бразил, Јужна Африка, Арапскиот свет и Африка воопшто не ја поддржуваат западната политика за украинскиот конфликт“.