📽️ СО ЗЕЛЕНСКИ ЌЕ ПОДГОТВИМЕ ПЛАН, СО ТРАМП ЌЕ ГО РАЗВИВАМЕ На Самитот во Лондон се договорени четири чекори за траен мир во Украина, објави Стармер

Не прифаќам дека САД се несигурен сојузник, нема две земји толку блиску усогласени како нашите две земји. Ова е план кон кој работиме со САД и со поддршка од САД. Затоа разговарав со Трамп синоќа, рече британскиот премиер на вечерашната прес-конференција.

1,695

Британскиот премиер Кир Стармер на денешниот состанок со европските лидери истакна дека добар мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа.

– Во разговорите изминатите денови се договоривме да работиме со Украина на план за запирање на борбите, а потоа ќе разговараме со САД за заедничко развивање на планот – посочи Стармер.






Тој наведе дека разговарал и со балтичките сојузници, кои, исто така се вклучени во барање решение за стабилност на Украина и на Европа.

Стармер одржа прес конференција на која зборуваше за детали од состанокот меѓу европските лидери и истакна дека секој нов договор за поддршка на Украина мора да биде поддржан и дека секоја нација мора да придонесе на најдобар начин што може, со преземање одговорност и засилување на сопствениот удел.

Лидерите на самитот договориле четири чекори: Да се ​​задржи воената помош во Украина додека трае војната и да се зголеми економскиот притисок врз Русија; Секој траен мир мора да го обезбеди суверенитетот и безбедноста на Украина, а Украина мора да биде на маса за какви било мировни преговори; Во случај на мировен договор, европските лидери ќе имаат за цел да спречат каква било идна инвазија на Русија во Украина; Ќе има „коалиција на подготвени“ да ја брани Украина и да гарантира мир во земјата.

Стармер рече дека се согласува со Трамп за итната потреба за траен мир и дека сега тоа мора да го остварат  заедно.

Според него и „Русија мора да биде дел од договорот, но нема да може да диктира поставува услови, инаку нема да имаме никаков напредок“.

Стармер во одговор на новинарско прашање го отфрли тврдењето дека САД станале несигурен сојузник.

– Не прифаќам дека САД се несигурен сојузник, нема две земји толку блиску усогласени како нашите две земји. Ова е план кон кој работиме со САД и со поддршка од САД. Затоа разговарав со Трамп синоќа – рече Стармер.

На средбата Во Лондон учествуваат претседателите на Украина, Финска и на Франција, Володимир Зеленски, Александар Стуб и Емануел Макрон, премиерите на Полска, на Шпанија, на Данска, на Холандија, на Шведска, на Норвешка, Чешка, Италија и Канада (Доналд Туск, Педро Санчез, Мете Фредериксен, Дик Шуф, Улф Кристерсон, Јонас Гар Сторе, Петр Фијала, Џорџа Мелони и Џастин Трудо), германскиот канцелар Олаф Шолц и шефот на турската дипломатија Хакан Фидан, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

 

Поврзани содржини