СО „ЈУГО“ ИМ ВЛЕТАЛ НА МАСА! Се испотепале две семејства во Кочани, има повредени

Неколку од инволвираните во тепачката меѓу двете семејства се повредени, а возачот на „југото“ е приведен во полиција.

409

23-годишен штипјанец е лишен од слобода откако со автомобил „југо“ влетал на маса во семеен двор во Кочани по што избила тепачка меѓу двете семејства. Неколку од инволвираните во тепачката се повредени, а возачот на „југото“ е приведен во полиција.

„На 10.04.2024 во 21:30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Р.С.(23) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека со патничко возило „југо“ удрил во масата на која седеле С.Т.(52) од Кочани и нејзиното семејство во дворното место на нејзиниот татко.






Според пријавеното, потоа настанала физичка пресметка помеѓу семејствата на С.Т. и Р.С., при што дел од инволвираните се здобиле со повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави“ – информираат од МВР.

Поврзани содржини