СО ТУЃА КАРТИЧКА СИ ПОЛНЕЛ ГОРИВО ВО ФРАНЦИЈА Ги „хакирал“ податоците
На приватната фирма, чија сопственост била картичката, ѝ нанел материјална штета во износ од 123.790 денари.
СВР Штип поднесе кривична пријава против К.С.(54) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”.
Пријавениот, набавил податоци од картичка за точење гориво, сопственост на приватна фирма, по што ги злоупотребил податоците и извршил две трансакции на бензинска станица во Франција, со што нанел материјална штета на правното лице во износ од 123.790 денари.