Со топлес фотографија Селма Хајек и го честиташе роденденот на ќерката (ФОТО)
Следбениците во коментарите и го честитале роденденот на Валентина и го пофалиле изгледот на Селма.
На невообичаен начин актерката Селма Хајек го одбележала 13 роденден на нејзината ќерка Валентина Палома. Таа објавила стара топлес фотографија на која е бремена.
– Утре, малото бебе што настана во мојата утроба официјално станува тинејџер. Растат толку брзо…“, напишала таа под фотографијата за која добила над милион лајкови.
Следбениците во коментарите и го честитале роденденот на Валентина и го пофалиле изгледот на Селма.
„Среќен роденден, пребрзо растат“, „Бог одвои дополнително време кога те создаде“, „Неверојатно си убава“, се само дел од коментарите под фотографијата.
Селма и францускиот милијардер Франсоа Анри Пино, Валентина ја добија во 2007 година, а се венчаа две години подоцна.