СО ТИЕ 1,4 МИЛИОН ЕВРА МОЖЕМЕ ДА ИЗГРАДИМЕ КРУЖНИ ТЕКОВИ Ѓорѓиевски дециден, нема место за вработување 21 лице во Град Скопје

Тоа се пари на граѓаните, средства со кои можеме да изградиме кружни текови, да обезбедиме нови автобуси и да реализираме проекти што носат реална корист за Скопје, вели градоначалникот Ѓорѓиевски кој ги замоли сите советници да гласаат против одлуката од минатото за вработување на 21 лице.

1,547

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на седница од сите советници побара да гласаат против одлуката од минатото за вработување на 21 лице, одлука што директно би го чинела градот 1,4 милион евра вкупно за следните 4 години.

Ѓорѓиевски е дециден дека повеќе нема место за оваа наследната пракса за партиски вработувања во Град Скопје која, како што вели, е на штета на граѓаните.






– Тоа се пари на граѓаните, средства со кои можеме да изградиме кружни текови, да обезбедиме нови автобуси и да реализираме проекти што носат реална корист за Скопје.

На градскиот буџет гледам како на сопствениот. Кога го презедовме градот во финансиски колапс, со одговорно и домаќинско работење успеавме повторно да го исправиме на нозе.

И затоа, партиските апетити немаат место во Град Скопје. Се бориме за Скопје какво што го сакаме – функционално, чесно и во служба на граѓаните – изјави Ѓорѓиевски на седница на градот.

Поврзани содржини