Со тест или без преку граница и дали во странство ќе нѐ следат – договараме со соседите
Целиот регион е во ист епидемиолошки ризик. Дискутиравме и, денеска, а ќе продолжиме и утре и ќе решиме. А денес разговараме и со министерствата за здравство во соседните земји. Дали и ние ќе бараме тестови ако при влез од некоја земја од нашите граѓани тоа се бара, тоа ќе биде една од темите - рече Филипче.
Иако одлуката за отварање на границите беше најавена викендов, сѐ уште е неизвесно кога и како ќе патуваме во странство – дали со задолжителен тест за ковид-19 и карантин или без и дали ќе нѐ следат по влезот во друга земја, министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека на оваа тема ќе се разговара и утре.
– Анализата покажува дека целиот регион е во ист епидемиолошки ризик. Дискутиравме и, денеска, а ќе продолжиме и утре и ќе решиме. А денес разговараме и со министерствата за здравство во соседните земји. Дали и ние ќе бараме тестови ако при влез од некоја земја од нашите граѓани тоа се бара, тоа ќе биде една од темите. Има и други опции, на пример потпишување документи за следење, што на почетокот на кризата се практикуваше во авион – додаде Филипче.
Тој нагласи дека викендите предизвикуваат пораст на бројот на новозаразени од вирусот.
– Анализата покажува дека опаѓа бројот на новодијагностицирани во Скопје. Со резерва ги кажувам предвидувањето оти оваа така и ќе продолжи, бидејќи има повеќе фактори коишто влијат на новозабоните. Викендите со недели наназад прават промена на бројот – и на тестови и на новодијагностицираните. Важно е дека се прави проверка на контактите, со сите проблеми со коишто се соочуваат епидемиолозите, А на наше барање, се вклучија и техничари и епидемиолози од Министерството за одбрана и од Воено медицинскиот центар – рече министерот Филипче.