СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ ПРЕФРЛЕНА ВО БОЛНИЦА Прегазена девојка во Скопје

Несреќата се случила на крстосницата од улиците Александар Урдаревски и Натанаил Кучевишки.

1,055

Скопјанка на возраст од 26 години е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Скопје, информира МВР.

На 09.02.2023 во 08.10 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од улица Александар Урдаревски и улица Натанаил Кучевишки, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(35) од Скопје, удрило во пешакот Х.П.(26) од Скопје, информира МВР.






Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.П. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани содржини