СО TAG УРЕДОТ НА МТЕЛ НЕМА ЧЕКАЊЕ НА ПАТАРИНИ! Патувајте без застои низ Македонија, Србија и Црна Гора

1,643

Патувањето низ регионот отсега станува многу побрзо и поедноставно. Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, членка на Телеком Србија групацијата, го промовираше својот најнов производ – TAG уред за плаќање на патарините низ Македонија, Србија и Црна Гора.

Со користење на овој уред ќе може едноставно и брзо да се минуваат наплатните рампи во овие три држави кои особено во летниот период бележат зголемен сообраќај и долги редици за наплата.






Од МТЕЛ велат користењето на TAG уредот е едноставно и на корисниците вистински ќе им го олесни патувањето низ регионот.

– Сè што треба да направите е да го купите TAG уредот во некој од нашите продажни салони и ексклузивни партнери и да го скенирате QR кодот на договорот кој ќе ве одведе на страницата за регистрација на која ги внесувате личните податоци и платежната картичка. Важно е да се напомене дека TAG уредот е постпејд што значи дека нема потреба да го надополнувате. Плаќањата на патарините се вршат директно од внесената платежна картичка, а секој регистриран корисник ќе може да го следи трошењето преку својата регистрирана сметка. Сите корисници на TAG уредот добиваат ексклузивен попуст од 6% на патарините во соседна Србија, а истиот уред може да се користи за повеќе возила од иста категорија без разлика на регистрацијата – велат од компанијата.

Од компанијата најавуваат дека TAG уредот за скоро ќе биде достапен за користење на патарините и во уште три држави: Грција, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Повеќе информации за TAG уредот, како и за останатите производи и услуги на МТЕЛ може да најдете на www.mtel.mk или на телефонскиот број 15010.

Поврзани содржини