СО СТРАТЕГИЈАТА СМАРТ/МК 2030 ГРАДИМЕ ДИГИТАЛНА ЕКОНОМИЈА Обезбедени десетина милиони евра од европските фондови, вели Андоновски

Со новата стратегија СМАРТ/МК 2030 и европското законодавство (NIS2, е-идентитет, е-архива, заштита на податоци) градиме дигитална економија која ја поврзува науката, индустријата и граѓаните, објави министерот за дигитална транформација, Стефан Андоновски.

82

Технолошките иновации се срцето на развојот на модерната држава. Во Подгорица, на министерскиот самит на Европската комисија за стартапи, истражување и иновации, ја претставив македонската визија: иновација што создава можности, задржува таленти и гради конкурентност дома, а не во странство, објави на својата страница на Фејсбук министерот за дигитална транформација, Стефан Андоновски.

Тој посочува дека со INNOFEIT EDIX – првиот Европски дигитален иновациски хаб во Македонија, се поврзуваат универзитетите, стартапите, Владата и индустријата, а Везилка – Националниот центар за вештачка интелигенција, вреден речиси 6 милиони евра, го позиционира Скопје во европската мрежа на иновациски центри.






„Со новата стратегија СМАРТ/МК 2030 и европското законодавство (NIS2, е-идентитет, е-архива, заштита на податоци) градиме дигитална економија која ја поврзува науката, индустријата и граѓаните и обезбедуваме десетина милиони евра од европските фондови. Иднината треба да се создава тука, дома – со Европа како партнер и со европски вредности како водилка“, објави Андоновски.

Поврзани содржини