СО СТРАНКИ ЌЕ РАБОТАТ САМО ВАКЦИНИРАНИ Задолжителна вакцинација за вработени во словенечката државна управа

Сега кога има доволно вакцини, државата не може веќе да биде заложник на тие кои се спротивставуваат на задолжителното вакцинирање, а Владата со поттикнување на поголема имунизација во државната управа ќе даде пример и на другите, смета министерот за економија Здравко Почивалшек.

675

Вработените во државната управа во Словенија ќе мора да се вакцинираат или да приложат потврда дека прележале ковид-19, во спротивно не ќе можат да работат со странки, најави министерот за економија и потпретседател на Владата Здравко Почивалшек.

– Од вработените кои се во контакт со луѓе ќе се бара како услов за работа да бидат вакцинирани или дека прележале ковид-19, вели тој и додава дека тие повеќе не ќе можат ад работат ако само имаат негативен тест на коронавирус како досега.






Министерот најавил дека тоа ќе биде еден од следните чекори со кое ќе покажат тврд став за потребата од вакцинација на што поголем дел од популацијата. Тоа, нагласил тој, требаше да го направиме порано.

Според неговите зборови, на Владата тоа ѝго овозможуваат законот и прописите од сферата на заштита при работа.

Сега кога има доволно вакцини, државата не може веќе да биде заложник на тие кои се спротивставуваат на задолжителното вакцинирање, а Владата со поттикнување на поголема имунизација во државната управа ќе даде пример и на другите, смета тој.

Поврзани содржини