СО СТИЛСКИ ВЕЖБИ ДРИСЛА МУ ОДГОВОРИ НА ВМРО-ДПМНЕ Во чие име Депонијата праќа партиски реакции?

1,239

Препишувајќи го соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и менувајќи ги имињата и партиите наведени во него, депонијата Дрисла денеска испрати реакција по посочувањата дека „дури и врапчињата знаат дека со Дрисла раководи ДУИ“.

Оттаму како виновник за хаосот со ѓубрето во Скопје го посочија Даме Димитровски, кој е претседател на Управниот одбор на Дрисла.






„Бидејќи очајното ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски, разузнавачки информации изјавува дека добива од врапчиња, истите тие врапчиња не им јавиле дека конкретно со Дрисла раководи другар на Мицкоски.

Дрисла, ѓубрето во Скопје и состојбата во Дрисла е резултат на неспособноста на Христијан Мицкоски и неговите другари од факултет. Граѓаните на Скопје не се виновни за хаосот што го прави другарот на Мицкоски од Машински факултет со кој двајцата се таму професори, господинот Даме Димитровски, кој е претседател на Управниот одбор на Дрисла. Скопје не смее да биде заложник на Мицкоски и коалицијата ВМРОВЛЕН.

Време е да се стави крај на црните сценарија, фабрикуваните кризи и штетни сценарија за граѓаните на Скопје од страна на коалицијата Мицкоски-ВМРО-ВЛЕН, кои само на Мицкоски му одговараат“, се наведува во соопштението од Дрисла во кое е препишан текстот од вчерашното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, а во кое се сменети имињата на партиите.

Од Депонијата велат дека граѓаните на Скопје не смеат да бидат заложници на Мицкоски и неспособните кадри од ВМРО.

„ВМРО треба да знаат, граѓаните не се наивни, граѓаните знаат кој ветува, а кој исполнува. ВМРО-ДПМНЕ немал јасна визија, план и цел, во изминатите 4 години како власт во Советот на Град Скопје и јавните претпријатија како да реши ниту еден проблем, само тераа инает. ВМРО и Мицкоски да биле способни да го решат проблемот со депониите за граѓаните конечно да го добијат она што го заслужуваат, како власт во Советот и во претпријатијата во Скопје, до сега имаа можност да го направат тоа.

ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски имаат сеопфатна стратегија како да ви ги упропастат следните 4 години од живот во Скопје и нема да видите ништо од почиста животна средина, почист воздух и поквалитетен живот“, се додава во соопштението од Дрисла.

Во продолжение потсетуваме на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кое беше објавено вчера, а денеска е препишано и извртено од страна на ЈП Дрисла.

 

И ВРАПЧИЊАТА ЗНААТ КОЈ РАКОВОДИ СО „ДРИСЛА“ Ѓубрето во Скопје и состојбата во депонијата е резултат на неспособноста на Данела и на нејзините другари од ДУИ, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани содржини