СО СТАРАТА ФИНТА ЗА СООБРАЌАЈКА Ѝ ЗЕЛ 8.000 ЕВРА Уапсен измамник од охридско
На 77-годишна жена од струшко ѝ рекол по телефон дека нејзината ќерка прегазила дете.
Четириесетгодишниот Н.С. од охридското селото Горно Лакочереј е упасен вчера под сомнение дека измамил 77-годишна жена од струшко село за сума од 8.000 евра, информира СВР Охрид.
Според пријавеното, на 11 декември годинава тој телефонски ја побарал жената, лажно се претставил, ѝ рекол дека нејзината ќерка прегазила дете на пешачки премин и дека ќе треба да плати за да ја пуштат, односно да ја ослободат од наводно обвинение. Се договориле да се сретнат, жената му дала пари и тој заминал.
По преземени мерки во соработка со Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга го пронајдоа и го лишија осомничениот од слобода. По целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, информира СВР Охрид.