Со спреј за нос против коронавирусот

Резултатите покажале дека средството ја намалило репликацијата на вирусот во носот на творовите за дури 96 проценти, со што се намалил и ризикот од инфекција и ширењето на болеста.

1,301

Спреј за нос, кој треба да се прска еднаш неделно, може да обезбеди солидна заштита од коронавирусот, пишува „Дејли мејл“. Како што е наведено таму, спрејот бил тестиран на творови кои еден ден пред да бидат изложени на ковид-19 примиле по две дози од средството. На тој начин било забележано дека се создаваат вештачки молекули кои го стимулираат имунолошкиот систем.

Резултатите покажале дека средството ја намалило репликацијата на вирусот во носот на творовите за дури 96 проценти, со што се намалил и ризикот од инфекција и ширењето на болеста.






Спрејот ИННА-051 ќе се тестира на луѓе во следните четири месеци. Средството првично било развиено за заштита од вируси на настинка и грип, но сè уште чека на одобрување, бидејќи сè уште не е докажано дека дејствува без никакво сомневање.

Доколку средството биде одобрено, тоа може да обезбеди дополнителна заштита за оние со зголемен ризик од заразување со ковид-19, вклучително и постари лица и оние кои страдаат од одредени здравствени состојби.

Поврзани содржини