СО СМРТНИ ЗАКАНИ САКАЛ ДА Ѝ ЗЕМЕ 15.000 ЕВРА Наместо евра скопјанец доби лисици на рацете пред Онкологија

Обвинителството бара притвор за 37-годишник од Скопје, кој со закани по живот се обидел да изнуди 15.000 евра од жена што живее во странство.

1,361

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен маж, осомничен за кривично дело „Изнуда“ по член 258 став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, во изминатите два месеца тој телефонски и преку пораки на различни апликации упатувал сериозни закани кон жена која живее во странство. Осомничениот ѝ се заканувал дека ќе го загрози нејзиниот живот, како и животот на нејзината мајка и брат, доколку не му исплати 15.000 евра.






Жената добила рок до 26 септември да ја исплати сумата, но по договор му испратила 500 евра преку „Вестерн унион“ на 17 септември. Дополнително, осомничениот барал уште 4.500 евра да му бидат предадени лично пред Клиниката за онкологија во Скопје.

Кога оштетената пристигнала во земјава на 25 септември, веднаш случајот го пријавила во полиција. На договореното место, во моментот кога дошол да ги земе парите, осомничениот бил уапсен од полициските службеници.

– Имајќи ги предвид сите околности, опасноста од бегство, како и можноста осомничениот да влијае врз сведоците и оштетената или повторно да го изврши делото, јавниот обвинител до судот предложи определување мерка притвор – соопштија од Јавното обвинителство.

Поврзани содржини