СО СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО ПРИВАТНО ОДЕЛ ВО СТРАНСТВО Директор на јавно претпријатие од Битола ја злоупотребил функцијата

Градоначалникот Тони Коњановски веднаш возврати дека општинскиот ревизор ќе има задача да утврди дали некој од директорите ги пречекорил своите овластувања, при тоа најавувајќи решително дека ќе следува расчистување на ситуацијата.

10,284

„Кој е директорот на јавно претпријатие во градот кој извршил злоупотреба на службената положба со користење на службено возило за приватни цели во и надвор од државата?“ Ова е прашањето кое денеска ја раздвижи политичката јавност од Битола, откако претседателката на Советот Габриела Илиевска од говорницата го постави до градоначалникот Тони Коњановски, кој пак, одговараше на советнички прашања, објави локалниот портал Апла.

– Како советничка група од првиот ден ја имате нашата поддршка и во овие изминати 12 месеци имаме соработка, и дел од проектите коишто сме се заложиле се задоцнети, но се во фаза на отпочнување. Имаме едно прашање до вас за кое сте надлежни само вие, а не овој Совет и на истото не може да делува никој освен вие и би сакала да добијам одговор, прво како советник и како граѓанин. Дали вие имате информација дека некој од директорите на јавните претпријатија кои се назначени од вас, извршил злоупотреба на службената положба со користење на службено возило за приватни цели во и надвор од државата? Би сакала да добијам одговор и ако има таква информација да ја знаеме и ние како советници и граѓаните, бидејќи и ние како советници даваме поддршка на се она што се нарекува јавно претпријатие во градот, а и како граѓани имаме право да знаеме – рече Габриела Илиевска, претседател на Советот на Општина Битола.






Градоначалникот Тони Коњановски веднаш возврати дека општинскиот ревизор ќе има задача да утврди дали некој од директорите ги пречекорил своите овластувања, при тоа најавувајќи решително дека ќе следува расчистување на ситуацијата.

Поврзани содржини