СО СКИ КАРТА КУПЕНА ВО МАВРОВО БЕСПЛАТНО ЌЕ СЕ СКИЈА ВО ПОВЕЌЕ ЦЕНТРИ ВО РЕГИОНОТ Оваа карта не важи на Попова Шапка

Скијачите кои купиле сезонската карта за „Ресорт Маврово“ може да скијаат 3 последователни дена во скијачките центри на „Скијалишта Србије“ – Копаоник, Златибор и Стара Планина, „Олимпискиот Центар Бјелашница и Игман“ и центарот Колашин 1600 на „Скијалишта Црна Горе“.

196

Со купена ски карта во „Ресорт Маврово може бесплатно да се скија во „Олимпискиот центар Јахорина“ во Босна и Херцеговина и повеќето скијачки центри во регионот.

Претставниците на „Ресорт Маврово“ и „Олимпискиот центар Јахорина“ потпишаа Договор за меѓусебна соработка.






– Ова значи дека секој што ќе купи ски карта од ресорт Маврово, бесплатно, може да скија 2 дена во „Олимписки центар Јахорина“- велат од „Ресорт Маврово“.

Покрај договорот со овој центар, „Ресорт Маврово“ вакви договори склучи и со други ски центри во регионот за зимската сезона 2023/24.

-Скијачите кои купиле сезонската карта за „Ресорт Маврово“ може да скијаат три последователни дена во скијачките центри на „Скијалишта Србије“ – Копаоник, Златибор и Стара Планина, „Олимпискиот Центар Бјелашница и Игман“ и центарот Колашин 1600 на „Скијалишта Црна Горе“. Од друга страна, Олимпискиот центар Јахорина ги обнови договорите за соработка со скијалиштата на Црна Гора, на Словенија и на Романија – велат оттаму.

„Ресорт Маврово“, меѓутоа нема потпишано ваков договор со скијачкиот центар  Попова Шапка.

Поврзани содржини