Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, потврдија денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. Оттаму рекоа дека ги преземаат сите мерки и активности за негово пронаоѓање.
Фокус објави дека вчера бил пронајден телефонот на исчезнатиот 28-годишен Миле Тодоров, а семејството бара помош од институциите за негово пронаоѓање.
Во петокот, од СВР Велес рекоа дека во четвртокот вечерта, неговиот татко пријавил дека син му се оддалечил од домот.
-Во четвртокот вечерта во 18 часот во Полициска станица Неготино, Д.Т.(60) од Неготино, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот син М.Т.(28), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштија тогаш од Секторот за внатрешни работи Велес.
Миле последен пат бил забележан во кавадаречкото село Марена, во чтвртокот претпладне.