СО СИЛА СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА АЛБАНСКИ ПАРАЛЕЛКИ ВО ВЕЛЕШКАТА ГИМНАЗИЈА! Левица тврди дека се примаат ученици со помалку поени од законскиот минимум

Се работи за уште една незаконска наредба на министерот Јетон Шаќири, со која се кршат конкурсните услови, според кои што е извршен прием на останатите гимназијалци ширум државата – реагира Левица.

801

Партијата Левица обвинува дека министерот за образование Јетон Шаќири незаконски го зголемува бројот на албански паралелки во велешката гимназија и дозволува прием на ученици Албанци со освоени поени под потребниот минимум од 60 поени.

„На денешната седница на Советот на Општина Велес, на дневен ред е ставено скандалозно Предлог–решение за давање согласност за формирање на паралелка со помал број на ученици за учебната 2023/2024 година на СОУ Гимназија „Кочо Рацин” Велес.






Ова предлог решение е иницирано од министерот Шаќири, кој испрати известување до велешката гимназија да се примаат ученици со помал број на освоени бодови од законскиот минимум.

Се работи за уште една незаконска наредба на министерот Јетон Шаќири, со која се кршат конкурсните услови, според кои што е извршен прием на останатите гимназијалци ширум државата. Оваа предлог-одлука предвидува да се примаат ученици со освоени поени под потребниот минимум од 60 поени!

Не е првпат МОН да се обидува да ги заобиколи законските одредби. Очигледно дека „кадарот” од универзитетот на Мерко не е способен да разбере дека министерското столче не го става над законот. Јасно е дека се работи за самоволие на министерот Шаќири, кој преку рушење на критериумите и деградирање на образовниот процес се обидува вештачки да креира нови албански паралелки“ – се вели во соопштението на партијата, која вели дека ќе гласа против ваквата предлог-одлука на министерот за образование.

Поврзани содржини