Со што се фали Заев
Знае ли Заев колку табли и споменици ќе треба да замени и урне? Колку книги ќе треба да запали? Колку партизански гробишта ќе треба да изора за да им угоди на Борисов и компанија? Ќе треба и да го збрише и нашето паметење. Е, тоа малку потешко!
Смениле веќе 20 табли, се фали Заев! Кришум, ноќе!? Врз основа на чија директива! На Заев?! Што се замислува тој? Премиерот се унапредил себеси во монарх?
Не му стигнало до умот дека Димитров го молел Тито да дозволи бугарски војници по 9 септември 1944 година да учествуваат во операциите за ослободување на Македонија и Источна Србија за да се рехабилитира бугарската армија за злосторствата во времето кога Бугарија “администрирала” со пролевање крв?
Знае ли Заев колку табли и споменици ќе треба да замени и урне? Колку книги ќе треба да запали? Колку партизански гробишта ќе треба да изора за да им угоди на Борисов и компанија? Ќе треба и да го збрише и нашето паметење. Е, тоа малку потешко!
(Статус на Фејсбук на авторот)